ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека е организатор на агресивната хајка против Уставниот суд

Ниту Шилегов ниту СДСМ се оградија од заканите дека ќе ги влечат за уши судиите и дека ќе ги креваат на клоци ако не подлегнат на срамните притисоци на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:

Ескалира деструктивното сценарио на СДСМ.

СДСМ преку општинската организација на СДСМ од Кавадарци најави дека ќе го пали Уставниот суд.

Вчера Заев и СДСМ и официјално признаа дека се организатори на хајката и агресивните протести насочени кон Уставниот суд на Република Македонија.

Ниту Шилегов ниту СДСМ се оградија од заканите дека ќе ги влечат за уши судиите и дека ќе ги креваат на клоци ако не подлегнат на срамните притисоци на СДСМ.

Ниту Шилегов ниту СДСМ не се оградија од средниот прст кој го покажаа преку своите невладини платеници на институцијата која е чувар на Уставот, највисокиот правен акт во Република Македонија.

СДСМ правниот поредок го замислува како оние денови во кои за 10 минути менуваше 617 судии и стотици обвинители.

За СДСМ судот е добар само доколку не постапува во случаите за корупција и напад врз институциите на државата на неговото раководство. Ако судот постапува СДСМ веднаш започнува со срамен и скандалозен напад и притисок врз институциите.

На мета на СДСМ не е Наташа Габер-Дамјановска, сестра на Виктор Габер од СДСМ. На мета на СДСМ не е ниту Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

СДСМ во 2009 година беше против измените на закон предложени од ВМРО-ДПМНЕ и тврдеше дека се неуставни и дека Уставниот суд ќе ги поништи. СДСМ денес ќе протестира за останување на сила на измените предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го има истиот став по ова прашање како и во 2009 година. СДСМ е тој кој ги менува ставовите во зависност од деструктивното сценарио од Бихаќка кое е на сила.

Од ваквата невидена деструкција на СДСМ се срамат сите граѓани на Република Македонија. Ваквите бесрамни манипулации и конструкции не поминуваат кај граѓаните.

Граѓаните го прочитаа СДСМ и намерите да ги напаѓа институциите за да ги спроведува своите деструктивни планови.