ФОТО: Протестот на опозицијата се растури, народот останува во одбрана на институциите

Протестот организиран од најголемата опозициска партија СДСМ против Уставниот суд заврши. Според последните информации од терен пред МНТ има уште околу 30-тина лица поддржувачи на СДСМ.

Полициски кордон поладнево пред Музејот на ВМРО ги спречи опозициските протестанти кои беа упатени кон Уставниот Суд, каде што беше организиран народен собир од ГРОМ, кој се уште трае.

protest-rastrui-4-640x360

Медиумите кои важат за блиски на опозицијата пренесуваат дека дел од протестантите одлучиле ноќта да ја поминат пред Македонскиот народен театар, каде симболично ќе одржат бдеење за “одбрана на Уставот“.

protest-rasturi-2-640x360

protest-rasturi-6-640x360

Од другата страна, повеќе здруженија предвоени од ГРОМ велат дека ќе го чуваат Уставниот суд, а со тоа и уставниот поредок. Тие сметаат дека никој нема право да врши притисок на институциите и да му забранува на уставниот суд да донесе одлука кој треба да си ја работи својата работа.

Со транспаренти „Држава сме, не сме протекторат“, „Рацете подалеку од судството“, „Судството на судиите“, повеќе од 6.000 граѓани вечерва се собраа пред Уставниот суд, а со намера да им изразат поддршка на уставните судии в очи утрешната одлука за измени во Законот за помилување.

plostad-1-640x480

plostad-4-640x360

plostad-5-640x360