Над 100 цивили загинаа во бомбардирања на пазар во Јемен

Над 100 цивили загинаа во бомбардирања на пазар во Јемен
Над 100 цивили загинаа во бомбардирања на пазар во Јемен
Бројот на загинати цивили во вчерашните воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пазар во јеменската провинција Хаџа, достигна 102 лица, пренесе ДПА.

-Бројот на жртвите достигна 102 убиени и 44 ранети, изјави Ајман Мадкур, шеф на локалното биро на Министерството за здравство во Хаџа.

Провинцијата се граничи со Саудиска Арабија, која ја предводи арапската коалиција што се бори против шиитските бунтовници Хуси во Јемен, пишува МИА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.