15 цитати на Мајка Тереза со кои ќе станеме подобри луѓе

Заштитничката на сиромашните и немоќните, попозната како Мајка Тереза ја знаеме како скромна жена која целиот свој живот го посветила служејќи им на оние кои побарале помош.

Вечно ќе ја паметиме не само по нејзините дела, туку и по нејзините зборови.

Во продолжение прочитајте ги 15-те најмоќни цитати и пораки за мирот на Мајка Тереза, жената која на 4. септември ќе биде прогласена за светица.

„Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек.“

„Оние кои ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.“

„Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.“

„Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.“

„Осаменоста и чувството дека не сте сакани е најголемата сиромаштија.“

„Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите.“

„За да го вратиме мирот, не ни требаат оружја и бомби. Ни треба љубов и сочувство.“

„Мирот започнува со насмевката.“

„Дочекајте се едни со други со насмевка, бидејќи насмевката е почетокот на љубовта.“

„Пронајдов еден парадокс. Ако сакате некого до болка, тоа значи дека болката повеќе нема да постои, туку само љубовта.“

„Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.“

„Што можете да направите за да го промовирате мирот во светот? Одете дома и сакајте го вашето семејство.“

„Најдете време за игра, тоа е тајната на вечната младост.“

„Секој кој ви се приближува нека си оди од кај вас подобар и посреќен.“

„Има повеќе глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.“