„Бдеењето“ на СДСМ заврши со дебакл, народот ги бранеше институциите

Народот сложно и обединето се спротивстави на тортурата на СДСМ и нивните контра-протести кои завршија со целосен дебакл. Граѓаните си ги бранеа институциите, а “бдеењето“ на СДСМ заврши со целосен дебакл.

Се покажаа за неуспешни најавите дека ќе се кампува пред Судот, бидејки контра-протестантите на СДСМ се повлекоа пред илјадниците граѓани кои си ги бранеа институциите. Тие се повлекоа по само два часа пред илјадниците народ кој им се спротивстави.

Евидентна беше нервозата кај контра-протестантите на СДСМ, а особено кај оние кои допатуваа од Струмица и од Куманово, најголемиот дел од нив вработени во претпријатијата и општинската администрација кои присилно и со закани по своето работно место допатуваа во Скопје.

Освен гневните коментари кај насобраните контра-протестанти, беа присутни и луѓе кои со списоци ги бележеа присутните. Исто така, можеше да се забележат три поголеми групи кои се одвојуваат, едната од Куманово, втората од Струмица и третата вработени од Општина Центар.

Меѓу присутните контрапротестанти на СДСМ беа и Заев и Оливер Спасовски. Спасовски наместо да се грижи за состојбата со јужната граница вчера негова главна преокупација беше рушењето на институциите, а Заев наместо да се занимава со седницата на националниот совет за безбедност, главен фокус му беше собиранката која ја направија неговите во надеж да го завземат Уставниот суд.

Тие беа спречени од народот. На СДСМ не му помогнаа ниту присутните лица со црни маски, ниту пак хулиганите и лицата со дебело криминално досие кои беа дел од масата на контра-протестаните на СДСМ. Народот победи и не дозволи да се остварат ниту заканите и сценариото на Едмонд Адеми од СДСМ, скоро вработен во МВР.

Народот победи и не дозволи да се остварат ниту пак најавите за упад. Соросовиот активист Славчо Димитриевски пред неколку дена на судиите им се закани дека ќе ги влечеле за уши и на клоци ќе ги избркале од Уставниот суд.

-На крстови, на орли, на лавови и на какви се не измислици. За уво ќе ве влечеме и на клоци ќе ве истераме од оваа врата! Ова не е уставен суд, ова е у**ан суд!, изјави Димитриевски.

Народот и утрово си ги брани институциите и не дозволува спроведување на деструкциите на СДСМ.

1masovnost

2masovnost

3masovnost