Уставен суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување

Со мнозинство гласови Уставниот суд на денешната седница донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009. година.

Оваа одлука, како што велат од Судот, произведува правно дејство по денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“.

– Судот со мнозинство гласови донесе одлука за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година. Наредниот период како конечна одлука ќе биде објавена и на веб-страницата на Уставниот суд, велат од Судот.

Деталното образложение за Одлуката, како што додаваат од Судот, ќе биде достапно и за правната фела и за сите заинтересирани да ги видат уставните аргументи за укинувањето на предметниот закон од 2009 година.

Седницата беше затворена за јавност, според проценка на претседателката на судот, Елена Гошева.

Иницијативата беше поднесена од адвокатот Ристо Китевски од Скопје, на 2 феврури годинава.

Деновиве на страницата на судот ќе се објаават и издвоени мислења за одлуката за укинуање на постоечкиот закон, од судиите кои не се согласуваат со донесената одлука.

До Уставниот суд беа доставнеи и мислења од Собранието и Владата, а според кои постоечкиот закон беше нотиран како уставен.

Наспроти нивното мислење, Уставниот суд сепак одлучи дека последните измени во законот кои датираат од  2009 година се неуставни и се враќа во функција Законот за помилување од 1993 година. Краткото образложение е дека не е уставно со закон да се регулира кои кривични дела претседателот може да ги помилува, а кои не може. Односно, законавецот не може да ги стеснува или да ги шири правата на претседателот за помилување.

Судот многу ретко постапува по службена должност и работи пред се’ по нечија иницјатива, па затоа до сега не било реагирано за неуставноста на постоечкиот закон.