понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 80

Тешка кражба во Центар за социјални работи-Бутел

krazba-vrata

Последни вести

Во Полициската станица во Чаир вчера во 07:50 часот вработена во Центарот за социјални работи во Бутел, пријавила дека на 14/15.03.2016 година во периодот од 16.00 до 07.50 часот во просториите на Центарот за социјални работи, одделение Бутел, непознат сторител  извршил тешка кражба.

Како што денеска соопшти МВР, сторителот насилно влегол внатре преку еден од прозорците и од две канцеларии одзел пет компјутерски куќишта по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести