„Курир“: Народот успеа да го одбрани Уставниот суд и државата од нивната деструкција

„Курир“: Народот успеа да го одбрани Уставниот суд и државата од нивната деструкција
„Курир“: Народот успеа да го одбрани Уставниот суд и државата од нивната деструкција
СДСМ не успеа да ги реализира најавите за палење на Уставниот суд кои пристигаа од нивните општински организации. Не успеа ниту сценариото на закани со физичко насилство врз уставните судии упатувани од партиски функцинери и соросови активисти.

„Кон кого да ги упатиме критиките за лошата организација на протестот, за измалтретираните граѓани кои прошетаа долг, неразбирлив круг низ центарот на градот за да добијат слаба претстава на крајот и да си одат дома, по пат назад отворено негодувајќи за исходот?“

Љубомир Фрчковски, еден од главните идеолози на СДСМ на овој начин го коментираше неуспехот на партијата да го реализира црното сценарио. Фрчковски, кој присуствуваше на вчерашниот обид на СДСМ да предизвика хаос преку уривање на државните институции, поразот кој што го доживеа неговата партија од народот го толкува како голем срам за опозицијата.

frcko-ustaven

Неговата колумна под наслов „Ова беше голем срам“ Фрчковски ја завршува со критика поради тоа што недостасувала храброст меѓу членовите на СДСМ и Сорос да ги спроведат плановите, дури и по цена на физичка пресметка со граѓаните кои ја бранеа државата:

„Што е овој страв, што е оваа стигма? Тоа ќе беше сосема нова енергија која граѓанската иницијатива ја заслужуваше и посакуваше. Тоа ќе беше демократија, не ова. Ние заслуживме да го почуствуваме од блиску „воњот“ на вмровците – преплашени мизерии, донесени по наредба на газдите. Тоа ќе имаше енергија, а не заслуживме да не изманипулира стравот и неоснованите обзири на нашите организатори.“

frcko-2

На иста линија со Фрчковски размислува и Мерсел Биљали, уште еден аналитичар близок до СДСМ. Биљали како и Фрчковски не може да се помири со фактот дека СДСМ немало храброст до крај да го реализира сценариото.

„Организаторите на протестот имаа поддршка ама организацијата за нула! Ако полицијата не им дозволи на опозиционерите да се доближат до утепаните од Господ контрапротестанти, зошто никој не се сетил дека треба да се направи прстен околу нив за да се изолираат и тотално маргинализираат, а и од надвор немаше да пристигнуваат други протестанти!!! Туку одма дома! Со јорган протести не бива“, напиша меѓу другото на својот фејсбук профил Биљали, кој вчерашните настани ги оценува како голема психолошка штета за опозицијата токму пред изборите.

mersel

Бранко Героски, кој исто така важи за еден од идеолозите на СДСМ исто така во колумна настапи со став „Ако вечерва се повлечеме, веќе нема да имаме морално право да кажеме дека правдата и вистината се на наша страна.“ Единствениот проблем во реализирањето на сценаријата на СДСМ, Героски го виде во граѓаните кои решија да ги бранат институциите и државата. Затоа по урнекот на Стево Пендаровски, тие за Бранко Героски станаа „овци изнесени од трлата“.

geris

Ивор Мицковски, кој е долгогодишен член на СДСМ на својот фејсбук реторички ги праша челниците на партијата: „И, кога си ни таму, ни ваму, односно твоите улични настапи се контролирани и млаки, а твоите институционални пробивања се спори и неефикасни, се поставува прашањето за што си ти?“

ivor

Оние аналитичари кои не учествуваа на протестите и кои случувањата ги гледаа од дистанца, неуспехот на контрапротестите организирани од Заев го видоа во тоа што лидерот на СДСМ нема никаков кредибилитет. Биљана ванковска коментираше : „Ако СДСМ протестира пред Уставниот суд, тогаш нека имаат два прста образ и Заев нека го остават дома (или на карневал). Само малку пристојност од човек кој се офајди со аболирање токму од тогашниот претседател на Република“

vankovska