недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 44

Најмалку 14 палестински аџии загинаа во автобуска несреќа во Јордан

133082003

Последни вести

Најмалку 14 палестински аџии загинаа, а 36 се повредени во автобуска несреќа во Јордан, соопштија локалните власти, пренесува БТА.

Постои можност бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи неколку лица се во тешка состојба.

Несреќата најверојатно се случила, откако возачот загубил контрола врз превозното средство во близина на границата со Саудиска Арабија.

Палестинците патувале на т.н. мало поклонение или умра, кое моеже да се прави во текот на целата година, за разлика од хаџа, што се прави еднаш годишно.

Најчитани вести