Осум утрински ритуали на успешните луѓе

„Кој рано рани, две среќи граби“ се утврди како точна поговорка. Што е тоа што ранобудците ги издвојува од останатите?

Како тоа некои луѓе стигнуваат да ги завршат своите обврски на време, а вам Ви се чини дека секогаш ви недостига барем уште час во денот?

Вие сте ноќна птица, не затоа што сакате да бидете будни додека другите спијат, туку едноставно морате, тоа е вашиот период за решавање на задачите и обврските за наредниот ден. И тогаш се будите ненаспани, доцна, го прескокнувате појадокот и чувствувате дека никогаш нема да бидете во чекор со другите.

Сепак, решението на вашиот проблем е многу едноставно. Станувањето рано наутро ќе ве направи попродуктивни и ќе ви помогне подобро да се справите со организацијата на вашиот цел ден.

Веројатно ќе помислите „јас не сум ранобудец, но токму таа реченица стои на патот на вашиот успех“.

Подгответе се со помош на советите на успешните луѓе да ги „наполните вашите батерии“ .

1.Движете се

Многу е добро да се занимавате со физичка активност веднаш откако ќе станете од кревет, за крвта да ви проциркулира во телото и раздвижени да го почнете денот.

2.Медитирајте

Неколку минути по станувањето фокусирајте се на свесно дишење. Обидете се преку екое издишување да е ослободите од стресот и паниката, за новиот ден да го почнете о потполно чисти и позитивни мисли. На овој начин ќе го отворите умот за нови знаења и ќе ја поттикнете креативноста.

3.Појадувајте и хидрирајте го телото

Првиот час по будењето треба да го искористите нанајдобар можен начин. Иако звучи бесмислено, храната и неколку чаши вода можат да допринесат за помала тензија и подобра фокусираност во текот на денот. Појадокот би требало да биде богат со протеини и масти, за без проблем да можете да издржите до ручекот.

4.Бидете позитивни, потавете си цели и намери

Денот можете да го започнете со позитивна мисла.  Исто така утрото е совршено за планирање активности,потавување цели и намери за целиот ден кој е пред нас.

5.Направете стратегија

Кога имаме план и ме свеи што се сакаме да постигнеме во текот на денот, поголеми се шансите дека токму тоа ќе го направиме. Неколку минути од вашето утро одвојте за замислување или запишување на работите кои сакате да ги направите по излегувањето од дома. На овој начин ќе бидете повени и поподготвени да се изборите со предизвиците.

6.Почнете од тешките задачи

Ако е фокусирате и ако ги завшите они езадачи кои ги сметате за потешки, ќе се чувствувате ослободено и заоволно не само тој ден, туку цела недела.

7.Создадете ритуал

Шетањето на кучето, шолја чај, пишување дневник или цртањето се ритуали на кои ќе им е радувате штом ги отворите очите. Освен задоволството кое го носат, исто так ќе ви пружат мир и спокој.

8.Станете еден час порано

Најголемата пречка на вашиот пат до успехот е копчето за одложување на алармот. Кога за есенцијалните утрински активности ќе оставите само неколку минути пред да излезете од домот, целиот ден ќе ве следи чувтво на стрес и недостиг на време. Затоа вашиот аларм поставете го да ѕвони еден час претходно од времето кога треба да станете. За да немате проблем со будењето, можеби би требало да размилите за квалитетот и квантитетот на вашиот сон.