Ново продолжение на 85-тата седница на Собрание

Во Собранието денеска продолжува 85-тата седница на чиј дневен ред се измени на околу 100 закони кои се носат по скратена постапка.

За време на вчерашното продолжение на седницата заврши општиот претрес по повеќе законски измени, за кои пратениците треба да гласаат во текот на денешната седница.

Меѓу законските измени и дополнувања за кои е завршена општата расправа се Законот за рамномерен регионален развој, Законот за Државен инспекторат за локална самоуправа, Законот за воздухопловство, Законот за домување, Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловните простории и на Законот за просторно и урбанистичко планирање. Разгледани беа и измените и дополнувањата на законите за поштенски услуги, за јавни патишта, за железнички систем, за сигурност во железничкиот систем, за градење, за комунални дејности  и за превоз во патниот сообраќај. Општиот претрес заврши и за измените на Законот за шумска и ловна инспекција, како и дополнувањата на Законот за шуми, Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и на Законот за основање на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.

Со предложените измени се врши усогласување на постојните законски решенија со Законот за јавна администрација.