Агенцијата за медиуми воведе ИСО 9001:2008 стандард

Агенцијата за медиуми се здоби со сертификатот ИСО 9001:2008
Агенцијата за медиуми се здоби со сертификатот ИСО 9001:2008

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го заокружи процесот на воведување и имплементација на ИСО 9001:2008 стандардот во своето работење. Стандардот е показател за квалитетот во работењето на институцијата и со неговата примена значително се подобрува ефикасноста во управувањето со внатрешните процеси, се создава пократок циклус на извршување на активностите и поефективно се користат ресурсите.

Со подготовки за практична имплементација на барањата од стандардот, Агенцијата започна во 2014 година, во рамките на преку проектот на Европската унија ИПА ТАИБ 2009 „Зајакнување на административните капацитети на регулаторните тела за електронски комуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски сервиси“. Преку овој проект со експертска помош, Стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изработи 27 интерни процедури за квалитет со кои се регулираат најважните процеси на Агенцијата и кои овозможуваат рационализација и поделба на одговорностите меѓу вработените, се воспоставуваат стандарди на работењето и начинот на комуникација и размената на информациии.

За секоја процедура, изготвени се протоколи за постапување во кои јасно се прецизирани сите активности, чекорите за постапување по нив, како и роковите за исполнување на обврските на вработените во Агенцијата. Покрај интерните процедури, донесени се и системски процедури, Прирачник за квалитет и Политика за квалитет која ги содржи сите најважни сегменти и ги опфаќа најважните процеси од работењето на Агенцијата.

Сакам да напоменам дека Агенцијата и досега својата работа ја извршуваше професионално и посветено, а имплементацијата на овој стандард ќе овозможи надградба на квалитетот на функционирање, идентификување на ризиците на процесите, како и активностите кои треба да се преземат за надминување на тие ризици, истакна Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата при доделувањето на сертификатот.

Сертификацијата ја спроведе едно од првите Акредитирани друштва од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија МКД СЕРТИФИКАТ при АМ Церт ДООЕЛ Скопје, а за соработката со Агенцијата  директорката на сертификационото тело г-ѓа Татјана Кузмановска изјави:

Се запознав со одговорни носители на функции во Агенцијата кои покажаа интерес и мотивираност за воспоставување методологија на најдобра пракса, која ќе го подобри задволството на коорисниците на  услугите. Сега, кога со успех го завршивме процесот на имплементација можеме заеднички да констатираме дека Стандардот ISO 9001:2008 ќе има позитивен ефект во целокупниот процес.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.