Кој се храни со вашата енергија?

Кој се храни со вашата енергија?
Кој се храни со вашата енергија?

Енергетскиот вампиризам многумин го гледаат како крадење  на енергија, но тука не станува збор за кражба, туку доброволно предавање на енергијта. Најчестто тоа се блиски луѓе, како деца, родители, партнери, често и колеги од работа со кои минуваме доста време, или лица кои од некои причини се залепиле за вашето ментално тело и често размислувате за нив.

Во некои случаи кога ќе не совладат негативните емоции, лутина, бес, страв, љубомора, во нашето енергетско поле може да се вселат разни ентитети и астрални остатоци, каде што продолжуваат да живеат како паразити, хранејќи се со нашата енергија.

Задржувањето на некои личности во своето енергетско поле, било да се тоа мисловни или енергетски процеси, ние на таа личност и ја предаваме својата енергија во помала или поголема мерка.

Какво било мислењe, контакт или, пак, расправија (оговарање) за некој, ни изввлекува драгоцена животна енергија. Ние одамна знаеме дека од некоја причина не е пожелно да се оговара некој, но многумина од нас не знаат зошто е тоа така.

Еве зошто…

Со оговарањето на некоја личност пред се’ правиме кармички престап. Во полето на секој од насс постојат темни енергетски дамки, односно ниско фреквентни вибрации на нашите негативни особини и гревови. Тоа најчесто се кармички збирштини на кои се таложат и секојдневните негативности. Лицата кои имаат многу негативност во себе имаат многу од тие дамки, што избиваат од нивниот поглед, израз на лицето и севкупната појава, така што лесно е да се воочи дека таа личност зрачи со  негативност.

Меѓутоа, никогаш не можеме да знаеме што некој носи внатре во себе. Кога оговараме некоја личност, ги отвораме своите енергетски канали и се поврзуваме енергетски со таа личност. Со оглед на тоа дека оговарањето е ниско фреквентна активност, која има негативнргетска позадина. Ние ја раскопуваме својата темна енергетска содржина и во тој миг создаваме сила на привлечност за исти такви темни содржини од полето на другата личност и силно ги привлекуваме кон себе, во своето поле, додека при тоа, несвесно го чистиме полето на личноста која ја оговараме.

Vampir-nije-samo-drakula

Позната е изјавата: Нема да разговарам за неа/него, за да не и/му перам гревови!. Всушност и така е. Ние не знаеме какви гревови носи и што ние со оговарањето можеме да привлечеме кон себе.

Погледнете ги лицата кои се познати по копањето по туѓи животи. Никој не делува среќно и исполнето, напротив пукаат од незадоволство и злоба, но тоа не е се’ нивно, има тука и доста наше „зло“ кои сме им го препуштиле и преку тоа црнило сме во врска со нив и разменуваме енергија.

Значи, ако копаме по нечиј живот, создаваме привлечност за истиот модел и однесување кое го осудуваме. Се’ се враќа и нa крајот ќе се затекнеме во сопствената глупост.

Некогаш ќе се запрашате зошто одеднаш ќе не обземе лошо расположение или депресија. Нее треба да не чуди ако сме влегле во какви било мисли или расправија за некој. Ако некој го сметаме за лоша или негативна личност, треба да настојуваме што помалку да зборуваме или да размислуваме неа. Забраните такви мисли и приод на такви луѓе, така што создадете златно јајце околу себе секогаш кога ќе се обидат да влезат во вашето поле. Ако некој не можеме да ибркаме од своето ментално поле, со големо гумено стапче пратете го во вселената и набљудувјте како исчезнува како мала точка, а тогаш затворете му во приодот.

Можете да визуализирате златен или сребрен штит кој струи околу нашето тело и сл. Набрзо ќе престанат да ви извлекуваат енергија. Аурата многу добро се чисти со редовна молитва и медитација.

Кај вампиризмот често од една страна се создава зависност, кога својот извор на животна енергија го префрламе на друга личност.  Тоа се јавува во блиските односи, родителите се нашите најчести вампиир, кои несвесно не прават зависни од нив и ни ја извлекуваат енергијата и стануваат наш извор на животна енергија. Тие се закачени за нас и не’ прават зависни за своите ставови, мислење за некои работи, пари… и многу влијааат на нашите емотивни расположенија. Цел живот не’ прогонуваат со нивните прогнози „од тебе никогаш нема да стане нешто… ти си неспособен, оваков, онаков…“

Исто така, многу може да ве замори и престојот во близина на вашата мајка, бидејќи тоа е една несвесна борба за енергија, особено ако нашите животни ставови битно се разликуваат од нејзините.