Во Скопје вчера седум сообраќајки, еден повреден,казнети и пет пешаци

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Дваесет и девет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафор и седум возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се 66 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Никола Вапцаров“, општина Чаир.

Во сабота  во спортскиот центар  „Борис Трајковски“ естрадниот уметник Саша Ковачевиќ ќе одржи концерт. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.