Ново предупредување од САД поврзано со безбедноста во Турција

Американската амбасада во Турција ги предупреди граѓаните да бидат внимателни поради нови терористички напади во периодот од 17 до 21 март односно за време на прославата на курдска Нова година Нервуз.

Амбасадата ги предупредува Американците да бидат внимателни поради евентуални терористички напади на плоштадите, во близина на владини згради и на клучните места од градскиот транспорт. Како и да ги избегнуваат големите собири и прослави.

Амбасата на САД во Турција ги предупреди Американците да го избегнуваат центарот на Анкара пред  терористичкиот напад на 13 март при што загинаа 37 лица.