„Курир“: Јанева се однесува лицемерно и непрофесионално

Специјалната обвинителка Катица Јанева се однеува крајно нетранспарентно и непрофесионално. Таа манипулира со граѓаните и се однесува крајно лицемерно. Јанева бега од одговори кои и ги должи на македонската јавност. Таа бега од одговорноста да одговара пред органот кој ја избира, што е уште еден срамен чекор на обвинителката, пишува Курир.

Имено, таа денес не се појави на седницата во Советот на обвинители каде требаше да даде појаснување за деталите во нејзиниот извештај и да одговара на нивните прашања.

Лицемерието се гледа по фактот дека во самиот извештај таа си се пофали дека работи транспарентно.

-На крајот сакам да укажам дека доставувањето на овој извештај е многу повеќе од исполнување на законска обврска и извор на податоци врз основа на кои може да се цени законитото и професионално работење на ова Јавно обвинителство. Овој извештај наметнува стандард на сите институции од правосудството за јавно и транспарентно поднесување на извештаи за работењето, се со цел целокупната стручна и поширока јавност да има увид во начинот на постапување, со што ќе се влијае на зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем, напиша Јанева.