петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 48

Унгарија ќе ги затвори мигрантските центри

ungarija-ograda

Последни вести

Унгарија планира да ги затвори прифатните центри за мигранти, соопшти Владата, пренесува БТА.

– Владата го ополномошти министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер да ги затвори унгарските центри за прием на мигранти, соопшти денеска кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Министерот исто така има задача да процени дали тие центри ќе бидат потребни во иднина.

Според Хелсиншкиот комитет до 1 март во шестте бегалски центри во Унгарија биле населени околу 1.600 лица. Владата не ја соопштува нивната бројка.

Кабинетот додаде дека наместо шестте центри ќе бидат изградени два „заштитени објекти“ во Корменд и Сентготхард во близина на австриската граница. Според унгарскиот печат во нив ќе бидат поставени обични шатори.

Унгарија, преку чија територија минаа 400 илјади лица пред да бидат поставени заштитните ограни, одбива да прифати каква било квота за прераспределување на мигрантите во Европа.

Најчитани вести