Времено поместување на автобуска постојка во Ѓорче Петров

Автобуската постојка во правец кон Ѓорче Петров, спроти пазарчето од утре ќе биде времено преместено спроти Поликлиника Ѓорче Петров, информираат од Град Скопје.

Преместувањето на постојката е поради реконструкција и проширување на булеварот „Партизански Одреди“, и тоа од кружниот тек со улицата „Ацо Шопов“, до кружниот тек  кај  црквата „Св Петар и Павле“.

Преместувањето ќе важи се додека се изведуваат градежните работти на таа локација, а граѓаните навремено ќе бидат информирани за сите понатамошни промени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.