четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 47

Туск, Јункер и Давутоглу: Постигнат е договор за крај на бегалската криза

Oд недела Турција ќе почне да ги прима назад илегалните мигранти од Европа, при што за секој од нив примен назед, по еден сириски бегалец ќе биде испраќан во некоја од земјите членки на Европската унија.

Туск, Јункер и Давутоглу: Постигнат е договор за крај на бегалската криза

Туск, Јункер и Давутоглу: Постигнат е договор за крај на бегалската криза

Поврзани вести

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер заедно со турскиот премиер Ахмет Давутоглу вечерва на прес-конференција во Брисел официјално објавија дека е постигнат договор меѓу Европската унија и Турција за ставање крај на бегалската криза.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, главна точка на овој договор, постигнат на денешниот Самит на Европскиот совет, е дека од недела (20 март) Турција ќе почне да ги прима назад илегалните мигранти од Европа, при што за секој од нив примен назед, по еден сириски бегалец ќе биде испраќан во некоја од земјите членки на Европската унија.

Претседателот на Евросоветот, Туск изјави денеска е постигнат договор за запирање на напливот на илегалната миграција од Турција во Европа, потенцирајќи дека клучен елемент од оваа спогодба е дека ќе биде обезбедено секој мигрант што ќе дојде во Европа да биде третиран индивидуално согласно законодавството на ЕУ и меѓународното право, а барањата за азил нема да бидат третирани групно.

– Агенциите на ЕУ и УНХЦР ќе партиципираат во овој процес. А, во однос на легалноста на договорот, благодарност до Јункер и до Еврокомисијата за работата и придонесот, но мора да е јасно дека овој договор треба да биде прифатлив за сите земји членки на Унијата, без разлика на нивната големина, истакна Туск.

Челникот на Европскиот совет додаде дека овој договор е балансиран во однос на кипарската загриженост и заканите од Кипар дека ќе стави вето на него, ако тој предвидува отворање на пет нови преговарачки поглавја на ЕУ со Турција. Поради тоа, според Туск, договорено е само да се отвори едно ново поглавје, а тоа е поглавјето 34 за буџетот, што ќе се случи следниот месец.

Договрено е и покрај предвидените три милијарди евра што ЕУ и ги вети на Турција минатата година, а кои до на лето треба да и бидат доделени на Анкара, турската држава ќе добие дополнителни три милијарди евра од Брисел за справување со сириските бегалци. Исто така, предвидено е Турција до крајот на јуни да добие и визна либерализација со Европската унија.

– Сите илегални мигранти од Турција кон Грција од 20 март, недела, ќе бидат враќани во Турција. Имплемнтацијата на овој договор ќе се одвива врз база на принципот „еден за еден“. Генерално, за овој договор велат дека е сребрен куршум, но реалноста е дека тој е столб на сеопфатна стратегија на Европскиот совет за да се имплементираат други столбови. Од денеска е веќе и официјално затворена западнобалканската мигрантска рута и се враќаме назад на принципите на Шенген. Лидерите на земјите од ЕУ ќе мора да ја засилат сорботката со државите од Западен Балкан и во овој дел, Вчера разговарав со претседателот Ѓорге Иванов, кого го го уверив дека ќе ја има нашата поддршка, потенцира Туск.

Претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер, пак, нагалси дека договорот ЕУ-Турција е во согласност со меѓународните и европските закони и, според него, бегалците и барателите на азил ќе минуваат низ индивидуален процес за барања и жалби на одлуки. – Сега договорот треба да се реализира во пракса, посочи Јункер, додавајќи дека очекува тој да биде имплементиран онака како што е договорен.

– Ова е херкуловска задача и посебно Грција е соочена со таков голем предизвик со кој ЕУ уште се справува и важно е за ЕК да координира како ќе се одвиваат задачите. Ќе ни требаат 4.000 лица да работат на овој договор, како од од Фронтекс, ЕАСО и Грција, така и од другите земји членки. Оваа работа мора итно да започне. Следните шест месеци очекуваме имплементација. Програмата што ја развиваме со Турција е програма на поделена одговорност. Мораме да сториме се што можеме за да обезбедиме релокации на по 6.000 лица месечно, истакна Јункер.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, пак, потенцира дека ова бил „историски ден“ бидејќи е постигнат, според него, многу важен договор меѓу Турција и ЕУ. Тој посочи дека Турција и ЕУ имаат иста судбина, предизвици и дека се договориле за продлабочување на пристапот на Турција кон Унијата и за бегалската криза. Договорот, според Давутоглу има хуманитарна димензија, бидејќи главна цел е да се спречи смртта на деца, жени, млади и стари лица во Егејското Море или на ралзични делови во соседството.

Давутоглу истакна дека е договорено да се обесхрабрат криумчарите и да се охрабри легалната миграција. Според Давутоглу, Турција ќе ги прими сите што илегално ќе преминуваат преку Егејското Море, но Европа и ЕУ ќе примаат ист број на легални бегалци од Турција. Тој смета дека тоа е фер и охрабрувачки чекор за бегалците, кои ја гледаат иднината надвор од нивните матични држави.

– Денеска специфициравме три милијарди евра што како помош ќе доаѓаат во следните недели за сириските бегалци, а не за Турција. Ние не бараме пари, договорот не е базиран на финансиска помош за нашата држава, туку ЕУ ќе им помага на сириските бегалци, а Турција ќе и помага на ЕУ за да има пристап до сириските бегалци. Во следните недели ќе им помогнеме на сириските бегалци во Турција и во безбедните области во Сирија, за кои до 2018 година ќе има алокација на дополнителни три милијарди евра од Брисел. Исто така, ние ќе го продлабочиме пристапниот процес во ЕУ и што е најважно, Турција ќе добие визна лиебрализација со Унијата, откако ќе започне процесот на реадмисија, изјави Давутоглу..

Тој нагласи дека се надева оти визите за турските граѓани ќе бидат укинати до крајот на јуни оваа година, за што услов е Турција да ги изболни 72-те барања доставени од Европската комисија. Давутоглу изјави дека Турција досега исполнила 37 од нив и дека остануваат уште 35, кои очекува да бидат исполнети до почетокот на мај.

Во однос на отворањето на преговарачките поглавја со ЕУ, турскито премиер исткана дека отворањето на поглавје 33 е чекор напред за пристапниот процес на Турција и дека ќе се забрза отворањето на други поглавја во следните недели.

– Нема иднина за Турција без ЕУ и нема иднина на Унијата без Турција. Но, без решение на сириската криза, не можеме да бидеме сигурни дека овој договор ќе ја постигне објективната цел. Ние ќе се обидеме да креираме мирно соседство, истакна Давутоглу.

Турскиот премиер, потсети дека во земјата има 2,5 милиони бегалци од кои 300 илјади се сместени во едно место, каде според него има болници, училишта и сите други потребни елементи и дека ниту една меѓународна организација не посочила дека бегалците имале погрешен или лош третман во Турција.

Туск, пак додаде дека со овој договор е направен пробив кон главната цел да се запре иелегалната миграција во Европа.

– И покрај се, јас сум прагматичен и посветен на тоа што се случува сега и тука и овој договор е важен, можеби не за историјата, бидејќи јас не сум пророк, но за денес ова е еден од најважните постигнувања што и можевме да ги очекуваме и длабоко верувам дека ќе имаме прагматичен резултат, истакна Туск.

Турција и ЕУ денеска се договорија и за Царинска унија, а претседателот на Евросоветот, Туск, изрази надеж дека оваа спогодба ќе обезбеди напредок во однос на пристапниот процес на Анкара и можност за договор во однос на кипарското прашање. Тој рече дека е убеден оти „дел од нешто е подобро, од се од ништо“.

Првиот човек на Еврокомисијата, Јункер, истакна дека е договорена релокација на 6.000 лица месечно и дека очекува оти тој број ќе може да се постигне и дека тоа го ветиле земјите членки на Европската унија. Во овој поглед, Туск додаде дека за него е сатисфакција подготвеноста на некои земји од ЕУ не само да ветат, туку и да обезбедат логистика и финансиска помош за Грција.

Во однос на бројката за релокација на 72.000 мигранти што се споменува во договорот, според турскиот премиер Давутоглу, не се работи за целосен број што Европа ќе го прими за возврат. Тој истакна дека кога Турција ќе прими еден илегален мигрант и ќе испратен еден легален бегалец назад во Европа, – Седумдесет и две илјади е бројка на лица што е предвидено во прва фаза на процесот да биде разменета, рече Давутоглу.

– Бројката од 72.000 лица е техничко опишување за тоа што е можно според подготвениот механизам, но не е лимит или квота, туку опишување што очекуваме во Европа. пресече Доналд Туск.

На крајот од прес-конференцијата, Туск, Јункер и Давутоглу „се спречкаа“ околу третманот на бегалците во Европа и Турција, при што тускиот премиер посочи дека „некои Европејци, на земја фрлаат пари и ги тераат бегалцита да трчаат по нив“ и дека лидер на една од членките на ЕУ рекол дека „нема место во Еворпа за муслимани“.

Тој негов коментар беше осуден од Туск и Јункер, при што првиот човек на Европскиот совет потсети дека денешниот Самит во Брисел покажал оти Европа „останува главна дестинација за бегалците од целиот свет, поради европските стандарди“ и поради податокот дека „Европа е најтолерантниот континент и општество во светот“.

Најчитани вести