Топло, но променливо време – повторно дожд од среда

Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер.

Дневната температура ќе биде во пораст. Денеска дневните температури ќе се движат од 13 до 21 степени – во Скопје максималната дневна температура ќе биде 18 Целзиусови степени, во Охрид 16, Битола 17, Маврово 10, Гевгелија 21, Берово 14, Крива Паланка 16…

Утре дневните температури ќе се движат од 15 до 22 со слаб попладневен дожд.

Од среда се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд и дневни температури од 12 до 18 степени.