Најбараниот терорист за нападот во Париз затворен во подземна ќелија

Осомничениот за организирање на париските атентати Салах Абдеслам се наоѓа во подземна ќелија во затворот на градот Бриж, соопшти весникот „Дерниер хоур“ (Derniere heure).

„Салах Абдеслам се наоѓа во еднокреветна ќелија под земја, во неа нема прозорци со решетки, а само светилка на таванот. Целиот мебел во ќелијата е прицврстен за подот. Во таа просторија тој поминува 23 часа на ден“, пишува весникот.

Во ќелијата има телевизор и Абдеслам има право да побара транзистор, но само дење. Тој нема никакви врски со надворешниот свет. Контролата во ќелијата е толку голема што дури водата во тоалетната шолја се пушта од копче, кое е надвор од ќелијата и се притиска од надзорникот, пренесоа агенциите.

Само адвокатот може да го посетува уапсениот. Секој половина час надзорникот проверува преку прозорчето во ќелијата. За подобар поглед тоа може да вклучи неонско осветлување во неа.