петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 46

Германија лани регистрирала два милиони мигранти

112083648

Последни вести

Најновиот извештај на германската федерална Агенција за статистика (Дестатис), покажува дека Германија во 2015 година биле регистрирани околу два милиони бегалци, јави дописникот на МИА.

Од нив, околу 860.000 баратели на азил ја напуштиле Германија, биле депортирани во матичните земји или заминале во други членки на ЕУ, со што во државата останале околу 1,14 милиони мигранти.

Во споредба со 2104 година, зголемувањето на бројот на мигранти е за 49 отсто, а растот на бројот на оние кои по регистрацијата заминале во други земји е само 12 проценти.

Според Дестатис, ова е најголемата бројка на мигранти кои пристигнале во земјата во една година во историјата. Во 2014 година вкупниот број на мигранти бил 1,34 милиони, од кои 766.000 подоцна ја напуштиле Германија.

Според предходните иннформации на германските институции вкупниот број на мигранти што лани влегле во земјата беше 1,1 милион.

Најчитани вести