ВМРО-ДПМНЕ: Медиумите кои ја следат пропагандата на СДСМ повторно известуваат селективно

Медиумите кои секојдневно отстапуваат илјадници секунди за пропагандата и манипулациите од фабриките за афери на СДСМ во своите информативни програми повторно известуваа селективно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

„Граѓаните кои ги следат овие медиуми уште еднаш ја немаа можноста да добијат вистинска слика за случувањата во земјата и да ја слушнат вистината.

Граѓаните кои ги следеа овие медиуми не дознаа дека на промовирањето на Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ, беше соопштено дека работата на владата на ВМРО-ДПМНЕ донесе рекордни 150.000 новоотворени работни места, од 560 000 вработени на над 710 000 вработени во Македонија.

Граѓаните кои ги следат медиумите кои го фаворизираат СДСМ немаа можност да дознаат дека платите на просветните работници се во постојан раст при што најниската плата од 2006 година до денес е зголемена за 119%, а највисоката за 67%, додека за пензионерите просечната пензија е зголемена за над 70%, а најниската за повеќе од 90%.

Граѓаните кои ги следат медиумите кои го фаворизираат СДСМ исто така немаа прилика да слушнат дека користа од политиката на ВМРО-ДПМНЕ ја почувствуваа и земјоделците преку обезбедената земјоделска поддршка во износ од 1 милијарда и 55 милиони евра.

Но затоа телевизија Телма во 8 прилози во централните вести одвои 949 секунди простор во кој доминираа тезите и манипулациите на СДСМ.

24 Вести во 14 прилози одвои цели 730 секунди за измислиците од фабриките за афери на СДСМ со кои треба да се сокрие неспособноста на оваа партија за било што освен за лажење и манипулирање“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.