Казенев: Терористичката закана во Франција е голема како никогаш досега

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев на комеморацијата за жртвите на терористичките напади, што се случија пред четири години во Тулуз, оцени дека сега „терорстичката закана во Франција без сомнеж е поголема од таа во ноември“, јави дописникот на МИА од Париз.

– Дојдов да ви ја кажам силата на сеќавањата и обврската за сеќавање бидејќи гнасотијата која се случи во Тулуз и во Монтобан ја оправдува обврската на сеќавање до бесконечност, изјави францускиот министер за внатрешни работи во обраќањето пред околу 1.300 лица на комеморацијата на седумте жртви на Мохамед Мера.

Оваа комеморација беше организирана од страна на градот Тулуз и од организацијата на Евреите од Франција, бидејќи меѓу жртвите на терористиот имаше и ученици од еврејското училиште „Озар Хатора“ од Тулуз.

Зборувајќи за терорстичкиот напад во Бамако, Казенев го нагласи „посебниот контекст на растечката омраза“ во Франција, но и надвор од нејзините граници, насекаде во Европа и во светот.

– Варварството, насилствто продолжува да удира во моментот кога ние се сеќаваме овде во Тулуз. Ова го кажувам како министер за внатрешни работи и наспроти терористичките ризици, наспроти терористичката закана која е голема како никогаш досега, без сомневање поголема отколку што беше во ноември, рече тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.