Во Пиреја пристигнаа повеќе од 500 бегалци и мигранти

Два фериботи со 520 мигранти и бегалци од Митилена и островот Самос утрово пристигнаа во Пиреја.

Со последните пристигнувања, бројот на мигранти и бегалци кои се сместени во Пиреја и околу пристанишните објекти изнесува 5.247 луѓе, пренесува МИА.

Претпладнево се очекува уште еден ферибот со 131 мигрант од Митилена на Лезбос.