Бен Афлек: Горд сум што сум дел од приказната за Бетмен

Бен Афлек: Горд сум што сум дел од приказната за Бетмен
Бен Афлек: Горд сум што сум дел од приказната за Бетмен

Актерот Бен Афлек се надева дека фановите на Бетмен, кои биле скептични поради тоа што тој го игра познатиот суперхерој во филмот „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“, ќе увидат колку сериозно ја сфатил таа улога.

 Најтешкиот дел  за време на снимањето беше тој физички апсект, рече Афлек, по повод њујоршката премиера на филмот, додавајќи дека сакал да биде во форма и заради тоа, тој морал многу да вежба.

Популарниот актер раскажа дека секое утро во шест наутро бил во салата за вежбање.

 Не сум навикнат на таков тренинг, но обожавателите очекуваат ако глумиш суперхерој, мора да имаш и такво тело. Знаев дека острото око на камерите ќе биде вперено во мене и морав да бидат подготвен, истакна Афлек.

Бен Афлек: Горд сум што сум дел од приказната за Бетмен
Бен Афлек: Горд сум што сум дел од приказната за Бетмен

Кога куќата „Warner Bros“ објави пред речиси три години дека Афлек ќе го игра Бетмен, фановите не беа многу воодушевени, па дури и пишуваа петиција, барајќи одлуката да се смени.

Двојниот оскаровец сега е горд што е дел од приказната за Бетмен.

– Навистина сум почестен што сум дел од традицијата кои ја граделе големите таленти – Кристијан Бејл и Кристофер Нолан, Мајкл Китон, Вал Килмер, Џорџ Клуни, Тим Бартон. Затоа сакам да го дадам својот максимум Мислам дека направивме нешто поинакво, но тоа и понатаму е во голема мерка Бетмен, рече Афлек.

.Режисерот Зек Снајдер на големотоп платно го носи три-де спектаклот за судирот на двата најпопуларни суперхерои кои ќе мораат да ги одмерат силите за да го спасат човештвото.

Супермен го игра Хенри Кавил, кој веќе еднаш се најде во таа улога, а во актерската постава се и Ејми Адамс (Луиз Лејн), Џејсон Момо, Гал Гадот и Џеси Ејзенберг (Лекс Лутер).