среда, 18 јануари 2017  |  Вести денес: 42

Заев бара да се објавуваат прислушувани разговори од „јавен интерес“

Заев повикува на решавање на неколку прашања пред Законот за приватност и Законот за пријавувачи да влезат во сила, како и пред датумот на распуштањето на Собранието.

Заев бара да се објавуваат прислушувани разговори кои биле од „јавен интерес“

Заев бара да се објавуваат прислушувани разговори кои биле од „јавен интерес“

Поврзани вести

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати писма до претседателите на политичките партии-потписнички на Договорот од Пржино и до амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија.

Во писмото Заев наведува дека по донесувањето на Мислењето за Законот за приватност и Законот за пријавувачи од страна на Венецијанската комисија, потребно е да се преземат чекори за да се избегнат штетните недоследности во примената на Договорот од Пржино.

Заев повикува на решавање на неколку прашања пред Законот за приватност и Законот за пријавувачи да влезат во сила, како и пред датумот на распуштањето на Собранието.

Воедно, во писмото, претседателот Заев ја изнесува подготвеноста на СДСМ барањето на решенија за прашањата да се одвива или на ниво на работна група или на ниво на лидерска средба.

Венецијанската комисија веќе го донесе Мислењето за Законот за приватност и за Законот за пријавувачи, кои беа предмет на спогодба во рамките на спроведувањето на Договорот од Пржино.

Како дел од договорот, четирите политички партии од Работната група презедоа обврска да ги изменат овие закони согласно Мислењето на Венецијанската комисија. Од таа причина, гореспоменатите закони не се применуваа по влегувањето во сила на Договорот, туку по 10 мај 2016 година.

Венецијанската комисија заклучи дека Законот за приватност бара длабинска ревизија.

Прво, треба да се допрецизира опфатот на примената на Законот за приватност како и неговата поврзаност со другите закони. Според Мислењето, законот воспоставува мошне ригидно правило според кое се забранува објавувањето на сите прислушувани материјали. Венецијанската комисија препорачува законот да дозволува објавување на содржини кои се поврзани со прашањето на јавен интерес, со тесно дефинирани исклучоци, а поврзани со откривањето на информации за интимните аспекти на приватниот и на семејниот живот. Законот треба да остави простор за балансирање кое би го правеле прво, новинарите, а потоа судовите итн.

Особено при ревидирањето на овие два закона, Венецијанската комисија ги поканува македонските власти да ги земат предвид следниве главни препораки:

Да се предефинира материјалниот опфат на Законот за приватност со цел да се отстранат какви било двосмислености за тоа кои содржини се во негова надлежност;

Законот за приватност треба да дозволува објавување на материјали кои се од јавен интерес, со некои потесно дефинирани исклучоци, а поврзани со јавното откривање на информации од интимен карактер од приватниот и од семејниот живот;

Обврската, во Законот за приватност, да се предадат материјалите на нововоспоставеното Специјално обвинителство треба да биде појасно напишано. Таа обврска не треба да го исклучува објавувањето на содржините кои допираат прашања од јавен интерес. Ефективноста на Специјалниот обвинител треба да биде загарантирана со соодветни мандат, овластувања, средства и персонал;

Членот 6 од стр. 1 од Законот за пријавувачи треба да се ревидира – да биде можно јавно откривање онаму каде што не постојат механизми за внатрешно/надворешно објавување, онаму каде што тие недвосмислено се неефикасни или онаму каде што постои очигледен ризик од покривање на злоделото или од избегнување на одговорноста од страна на сторителите. Овој член треба да се однесува на општата дефиниција на „јавниот интерес“ содржана во членот 2, стр. 4;

Законот за пријавувачи мора да утврдува до која мера и во кои околности „јавниот интерес“ зад објавените материјали му гарантира на пријавувачот заштита од можни дисциплински казни (и слични мерки поврзани со работното место), но и од какви било кривични санкции или од граѓански одговорности, како и можните исклучоци од ова правило.

Со оглед на договореното од страна на четирите политички партии, со меѓународна поддршка и посредство, СДСМ верува дека е од исклучителна важност да се испочитува спогодбата.

Најчитани вести