Отворени 4 пензионерски клубови во Илинден

Во рамките на континуираните активности на општина Илинден во насока на подобрување на квалитетот на животот на највозрасната категорија граѓани, градоначалникот Жика Стојановски го посети Пензионерскиот клуб „ Миладиновци“.

Средбата со пензионерите се одржа во новите поголеми простории на клубот што беа обезбедени по изградбата на новата амбуланта во Миладиновци, кои ги овозможуваат сите услови за пријатен престој на членовите на Пензионерскиот клуб „Миладиновци“. Притоа, беше искажано обострано задоволство од досегашната соработка и поддршката што општина Илинден ја дава на Здружението на пензионери Илинден.

Општина Илинден во континуитет ги следи потребите на пензионерите и се труди во рамките на своите можности секогаш да им излезе во пресрет. За таа цел досега се отворени четири пензионерски клубови, во нас. Илинден, н.м. Кадино, н.м. Марино и н.м. Миладиновци.

Клубовите се опремени со потребниот инвентар, а пензионерите во нив можат да го минуваат слободното време, да се дружат и забавуваат, да играат шах, домино, табла, како и да реализираат разни други културни активности.

Градоначалникот Стојановски, ја искористи посетата на Пензионерскиот клуб „Миладиновци“ да му подари телевизор, најавувајќи скоро отворање на уште еден пензионериски клуб, во Бујковци. Тој најави и изградба на нов дом на култура во Миладиновци, на локацијата каде што некогаш постоел дом на култура.

Со реализација на капиталниот проект „10 Домови на културата“ во општина Илинден се создадоа услови за отворање на пензионерски клубови и во другите населени места.