Корисни совети како полесно да се справите со пролетните алергии

Докторката Нита Огден има неколку корисни совети на оваа тема. Таа работи како имунолог во Њујорк и е дел од American College of Allergy, Asthma and Immunology.

Ако понекогаш почувствувате дека вашите алергии секоја година се различни, во право сте, не ви се причинува. Огден вели дека алергиите зависат од тоа дали зимата била студена или топла. Така, топлата зима може да предизвика да го чувствувате ефектот од алергиите во текот на целата година. Студените зими можат да ги одложат алергиите, што од друга страна значи дека одеднаш можат да се појават.

Иако постојат различни фактори за појава на пролетни алергии, главната причина е поленот. Покрај лековите кои овозможуваат 24-часовно олеснување на тегобите, друг начин е и солената терапија како назален солен раствор за нос и капки за очи.

На тој начин ефективно се отстранува поленот од телото, заедно со секојдневно туширање и миење на лицето пред спиење. Покрај медикаментите и природните лекови за справување со пролетните алергии, ова се советите на Огден:

1. Затворајете ги прозорците додека работи климата

2. Веднаш по пристигнувањето дома соблечете ја облеката

3. Секоја вечер туширајте се и мијте го лицето

4. Исчистете ја машината за перење алишта, влажната облека вадете ја веднаш по перењето, а вратата оставете ја отворена за да се исуши внатрешноста

5. Менувајте ја постелнината почесто

6. Избегнувајте ги утринските вежби, тогаш има најмногу полен во воздухот

7. Чистете го домот почесто, внимавајте на орманите, еднаш годишно извадете ја целата облека  и детално исчистете.

8. Внимавајте на цвеќињата што ги чувате во домот, повеќето луѓе не знаат дека се алергични на билки, најчесто на фикусот.