Брисел може да експлодира во секој момент, „спијачи“ на 50 места чекаат да дигнат сѐ во воздух

Во Брисел на 50 места се наоѓаат т.н. „спијачи“ кои очекуваат наредба како, каде и кога да нападнат, пренесуваат тамошните медиуми.

Локалните радиостаници ја пренесоа веста дека е само прашање на време кога цел Брисел ќе летне во воздух доколку терористите одлучат така.

Исто така, според тврдењата на разузнавачките служби, центарот на „терористите-спијачи“ се наоѓа токму овде, што го зголемува стравот и потребата за засилени мерки за безбедност.

Инаку, овој град стана еден од најопасните во Европа и сѐ почесто се поврзува со тероризмот.