Дел од улицата Мито Хаџивасилев – Јасмин утре без вода

Поради промена на вентил ф-2-1/2“ на булевар Партизански Одреди 9, прекин на водоснабдување утре ќе имаат корисниците од  улицата  Мито Хаџивасилев – Јасмин на потегот од булевар Партизански Одреди до улицата Димитрија Чуповски, од 09:30 часот до завршување на работите.