сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Вонредни безбедносни мерки на аеродромот во Тирана

До Албанија во повеќе наврати Албанци, припадници на ИД упатуваа закани “за пролевање крв на неверниците“.

Вонредни безбедносни мерки на аеродромот во Тирана

Вонредни безбедносни мерки на аеродромот во Тирана

Последни вести

По терористичките напади во Брисел во Албанија видно се засилени безбедносните мерки, меѓу другото со поголемо присутно на полицијата на пофреквентни места во Тирана.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека дополнителни безбедносни мерки се воведени на меѓународниот аеродром во Тирана. Полицијата на аеродромот врши детални контроли, а зголемени се и патролите  на припадниците на единицата за брзи интервенции,а ангажирани се и дресирани кучиња за откривање експлозивни направи.

-Подготвеноста е подигната на втор степен, што подразбира портокалов аларм, засилени патроли, контроли,безбедносни мерки. Дали ќе се подига нивото на безбедност ќе зависи од информациите и состојбите, изјви за Топ-чанел, Ермал Милори,шеф на полицискиот комесаријат на аеродромот.

До Албанија во повеќе наврати Албанци,  припадници на ИД  упатуваа закани “за пролевање крв на неверниците“.

Најчитани вести