Стејт департментот предупредува на ризик од патување во Европа

САД ги предупредија граѓаните на потенцијален ризик од патување во Европа, наведувајќи дека по Брисел, терористичките групи планираат напади ширум континентот.

– Терористичките групи продолжуваат да планираат непосредни напади ширум Европа, а мета се спортски настани, туристички места, ресторани и превозни средства, се наведува во предупредувањето на Стејт департментот, пренесува МИА.

– Стејт департментот ги предупредува американските граѓани на потенцијалниот ризик од патување во Европа и низ Европа, по неколкуте терористички напади, вклучувајќи ги и тие во Брисел на 22 март, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава, се нагласува во соопштението.