Лавров: Европејците да ги тргнат настрана геополитичките игри кога се соочуваат со тероризам

Европејците би требало да ги остават настрана геополитичките игри во момент кога се соочуваат со тероризам, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров, на почетокот на состанокот со неговиот германски колега Фран Валтер Штајнмајер, рече дека Русија е подготвена да разговара за борбата против тероризмот.

– Се надевам дека сите Европејци, кои се соочуваат со сериозна закана од тероризмот во момент на терористички напади во Брисел, ќе ги остават настрана геополитичките игри и ќе се обединат со цел да не им се дозволи на терористите да бидат главни на континентот, наведе Лавров.