Времето облачно и врнежливо до крајот на неделата

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено силен југоисточен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 80 км/час.

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи.

Локално се очекува да наврнат околу 30 л/м2 воден талог. Ќе има и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Утре ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, повремено поинтензивни, особено во западните делови.

Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура, па на планините врнежите ќе поминуваат во снег.

Во петок ќе биде посвежо, во западните делови со услови за краткотраен дожд, а на планините со повремен снег.

Од сабота следува период на стабилно време со утрински температури околу нулата, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.