Магазин

218 години од првиот скок со падобран

218 години од првиот скок со падобран

Французинот, Андре Жак Гарнерен на денешен ден во 1797 година го изведе првиот скок со падобран.

Гарнерен скокнал од балон од височина од 680 метри над парискиот парк Монсеу, при што доскокнал на земјата неповреден.

Првиот падобран наликувал на чадор и бил изработен од свила.

Инаку, Гарнерен починал во 1823 година, кога при изработка на еден балон, во несреќен случај заработил удар од греда по главата.