ТМРО: Наместо да држи болни предавања со мачки, Ван Хауте да биде медијатор во Белгија

По вчерашните напади во Брисел, во кои животот го загубија 35 лица, а најмалку 200 беа повредени, ТМРО упати реакција кон посредникот, Питер Ван Хауте.

ТМРО го повикува лицето Питер ВанХауте наместо да држи болни предавања со мачки и иронично да ги навредува Македонците дека имаат лажна историја, веднаш да се врати во својата држава Белгија, и таму да биде медијатор помеѓу Валонците и Фламанците од една страна и џихадистите од Исис од друга страна, со оглед да ако некоја држава е без историја тоа е Белгија, компромисната творба без национален идентитет до ден денес, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.