Фудбалерот Денајер преживеа три терористички напади за две недели

Белгиецот Џејон Денајер, фудбалер на Манчестер сити, кој игра на позајмица во турски Галатасарај за две недели преживеа три терористички напади.

Денајер на 13. март бил во непосредна близина на нападот во Анкара, по дуелот меѓу Галатасарај и Генчлербирлиги во турскиот шампионат.

Шест дена подоцна, Денајер се нашол и во Истанбул за време на нападите во градот на Босфорот, а вчера во моментот на нападот на аеродромот во Брисел, пристигнувал на аеродромот „Завентеме“ во Белгија да се приклучи на белгиската репрезентација за престојните пријателски натпревари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.