Прсти да излижете: Пилешко во крем од авокадо

Доколку се уште не знаете што да подготвите за ручек или вечера, пилешко во сос од авокадо е идеалното решение за вас!

Начин на подготовка:

Парчињата стек се зачинуваат со сол и црн пипер и се пржат на маслиново масло. Потоа месото се остава да се излади.

Кремот се подготвува на тој начин што две парчиња авокадо се лупат и се пасираат со лвилушка додека не станат кремасти. Во авокадото се додава сирење, сос од домати и сок од лимон. Во смесата се додава и сечкан млад кромид и сол по вкус.

Над секое парче пилешки стек се става од смесата со авокадо и сирење. Одозгора се ренда кашкавалот, а потоа парчињата се ставаат во рерна доволно да се истопи кашкавалот.

Парчињата со пилешко месо се сервираат декорирани со ситно исецкан млад кромид и авокадо.