Престрелка во Чаир, повреден случаен минувач

Случаен минувач вчера бил погоден од залутан куршум на улица „Дижонска“ во Чаир.

Повредениот С.И., веднаш бил пренесен во Ургентен центар-Скопје.

С.И. најверојатно бил повреден при престрелка помеѓу две групи. На местото на настанот пронајдени се неколку чаури и два неиспукани куршуми.

Полицијата работи на расчистување на случајот.