Русите ги претекнаа Арапите во производство на нафта

Русија во јануари произведувала 10,46 милиони барели нафта, со што ја претекнаа Саудиска Арабија, покажуваат податоците на руската статистичка служба Ростат.

Саудиска Арабија објавила дека во јануари произведувала 10,09 милиони барели нафта, додека членките на Организацијата на земјите членки извозничкина нафта (ОПЕК) пријавиле вкупно производство од 32,33 милионии барели нафта дневно.

Ирачкото производство на нафта во јануари достигнало 4,38 милиони барели нафта на ден.

Во декември 2015. година, производството на нафта во Русија изнесувало 10,32 милиони барели дневно, што е исто така над производството на нафта на Саудиска Арабија, кое било 10,01 милиони барели.

Според податоците на Ростат, извозот на нафта од Русија во јануари е намален за 2,3 отсто на годишно ниво, на 19,2 милиони долари.