четврток, 5 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Едукативен ден – „Здравјето и убавината во функција на современата жена”

Тематскиот ден е со шест часовна едукативна програма односно предавања од областа на медицината, фармацијата, козметологијата и бизнис психологијата, од врвни стручњаци во овие области

Едукативен ден - „Здравјето и убавината во функција на современата жена"

Едукативен ден - „Здравјето и убавината во функција на современата жена"

Поврзани вести

Агенцијата „Марили” оваа година по втор пат го одржува тематскиот ден „Здравјето и убавината во функција на современата жена” кој ќе се одржи на 30 март во „Холидеј Ин” – Скопје со почеток во 12 часот.

Тематскиот ден е со шест часовна  едукативна програма односно предавања од областа на медицината, фармацијата, козметологијата и бизнис психологијата, од врвни стручњаци во овие области, а истовремено ќе бидат изложбено поставени и штандови од истите дејности, кои што ќе го збогатат едукативниот ден со бројни информации особено од областа на козметологијата, фармацијата и модата.

Со ова, сметаме дека ќе и помогнеме на современата жена во еден ден и на едно место да се едуцира и информира за многу значајни сегменти од современиот начин на живеење, кои што ќе и помогнат во зачувување на нејзиното здравје и здравиот и негуван изглед, велат од агенцијата.

Влезниците се бесплатни и се со можност за подарок односно сите компании учесници во  овој тематски ден ќе понудат бројни подароци за посетителите.

Програма:

  • 12.30ч. –  Проф. Др. Гордана Адамова Специјалист гинеколог акушер, субспецијалист по перинатологија – „Како до безбедно мајчинство и здраво потомство“.
  • 13.00ч. – Болница Упсала – Шведска, предавач: Др. Лилјана Кочоска Мараш – Виши консултант Специјалист по гинекологија и акушерство, Доктор по медицински науки  – „ХПВ вирус ( human papiloma virus), скрининг и превенција од заболување на рак на грлото на матката (cervix cancer), дијагностицирање na рак на грлото на матката и терапија
  • 13.30 ч. –  „Др Анчевски“ – Дерматолошка Есетска Ординација, предавач Др. Анета Кокалевска-Петрушевска – „10 години ординација Др. Анчевски, во служба на здравјето и убавината на кожата“
  • 14.00 ч. – Др ВАИС, предавач Др. Анета Кајсторовска –  „Мезо терапија на лице и коса“
  • 14.30 ч. – Европа Лек Фарма
    Предавач: Др.Александра Чешиновска Стојчевска – „MERZ SPEZIALНераскинлива врска со убавината на современата жена!“
  • Предавач: Др. Сања Дубровска – „ URIAGEВаш термален извор за негувана и здрава кожа!“

    • 15.30 ч. –  Медикус – Предавач:  Мр Пх. Александар Смилевски  „Совети за нормален липиден баланс“

    16.00 ч.  – Еуролинк  Осигурување, предавач:  Коста Димитровски, менаџер за осигурување „Да се биде здрав, не е цел, туку начин на живот! Приватно здравствено осигурување!“

    • 16.15 ч. – Промо Италија, Предавач: Др. Екатерина Набакова – „Со сопствената ДНК до изворот на младоста“
    • 16.45 ч. – Дерма Бела , Предавач: М-р Фросина Ќудина – „За десет минути десет години помлади – најголемиот светски тренд во „Дерма Бела“
    • 17.15 ч. – EQ Excellence, Предавач: Нела Јолеска, меѓународно сертифициран тренер за развој на EQ во бизнисот и образованието  –  “Жените можат повеќе. Како успешните жени менаџерки ја унапредиле кариерата со употреба на својата емоционална интелигенција“
    • 17.45 ч. – Лукс Интегра,  Предавач: Елена Антоновска Едизер, Професионален коуч, тренер, регресотерапевт  – “Што имаат заедничко духовноста, успехот и лидерството”

 

Најчитани вести