СДСМ ќе поднесе предлог Закон за дополнување на Законот за помилување

СДСМ ќе поднесе предлог Закон за дополнување на Законот за помилување
СДСМ ќе поднесе предлог Закон за дополнување на Законот за помилување

Светот и Република Македонија се соочува со сериозни предизвици: глобален тероризам, неовластено прислушкување, производство и трговија со дрога, корупција, злосторничко здружување. Република Македонија не смее да испрати порака дека ќе има милост за сторителите на овие најтешки дела кои се сериозна закана за современиот свет, изјави Горан Сугарески, коортинатор на пратеничката група на СДСМ.

Според него, одлуката на Уставниот суд за укинување на делови од Законот за помилување создава правна празнина која може да ги охрабри потенцијалните сторители на најтешките кривични дела.

Срамната одлука на Уставниот суд воедно е и признание на изборниот грабеж и длабоката поврзаност со криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска, пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог Закон за дополнување на Законот за помилување. Со овој предлог Законот ја пополнуваме правната празнина која ја создаде Уставниот суд и предвидуваме правила кои ќе ги обесхрабри терористите и другите потенцијални сторители на кривични дела. Исто така оневозможуваме едно лице да биде помилувано за повеќе кривични дела, истакна Сугарески на денешната конференција за медиуми.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.