понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 80

Каракамишева: Катица Јанева го помножи со нула секој македонски граѓанин

Свесна или несвесна за вчера искажаните зборови, Катица Јанева станува директен соработник и учесник во мастер планот за рушење на македонската држава, вели Каракамишева- Јовановска.

karakamiseva1

Последни вести

Вчера Катица Јанева и стави пепел на Република Македонија. Вчера Катица Јанева го помножи со нула секој македонски граѓанин, ги помножи со нула сите институции на македонската држава, ги помножи со нула Уставот, законите, целиот македонски правен и политички систем, ја помножи со нула Република Македонија, вели универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска. 

-Вчера Катица Јанева со неколку збора си кажа што таа, всушност, мисли за својата држава, за своите сограѓани, и колку за неа има вредност и значење македонската држава и македонската нација. Најтрагично од се е што таа е убедена дека реченото е вистина, дека таа се бори за македонската вистина, на идентичен начин како што Заев се бори за вистината. А за неа вистината е нелегитимна Република Македонија. Свесна или несвесна за вчера искажаните зборови, Катица Јанева станува директен соработник и учесник во мастер планот за рушење на македонската држава, вели Каракамишева- Јовановска.

Универзитетската професорка додава дека со негирање на легитимитетот на македонските политички институции, вклучително и правните органи, Јанева вчера ја негираше изборната волја на граѓаните, го негираше правото на секој граѓанин да одлучува за својата држава.

-Таа со ова се стави над сите граѓани, над Уставот, над законите. Единствен легитимен орган според нејзе е Специјалното јавно обвинителство што е невиден правнички срам и основно непознавање на легитимитетот и на легалитетот како основни категории во правниот систем. Негирањето на македонската држава од страна на официјален државен орган е секако голема помош за оние внатрешни групи и сили што работат во насока на дезинтегрирање на Република Македонија, но секако и голема помош на Република Грција во давањето дополнителна македонска енергија на нивната теза дека нашата држава е вештачки креирана творба, и дека како таква треба да се уништи, заклучува Каракмишева- Јовановска.  

Најчитани вести