Димовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, бидејќи зад себе има над 3.500 проекти

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, бидејќи зад себе има над 3.500 проекти, истакна пратеникот Илија Димовски, кој вечерва беше гостин во дебатната емисија Топ тема на Телма телевизија.

ВМРО-ДПМНЕ има зголемно плати, има отворено многу нови фабрики, многу нови работни места, има изградено многу патишта, има набавено нови автобуси, нови возови, има зголемено социјална помош, има зголемени пензии, има инвестиции, инвестиции и во инфраструктура, се градат автопати, се реконструираат болници и училишта, се градат хидросистеми, се градат објекти од културата и тоа е тоа што граѓаните ги интересира. Граѓаните следат се, без исклучок и знаат да донесат финален суд на која страна е вистината, потенцираше Димовски.

Ако некоја политичка партија во Македонија, рече Димовски, се борела за интересите на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија, мислам дека тој епитет најмногу го заслужува ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.