Закана за бомба во Монс, евакуирана железничка станица

Железничката станица во белгискиот град Монс е евакуирана поради бомбашка закана, објави весникот „Соар“.

– Зградата на станицата е евакуирана. На местото пристигнале деминери. Движењето на возовите е запрено и засега не се знае кога ќе биде обновен сообраќајот, додава весникот.