Терористите планирале напади во Брисел за Велигден

Терористите планирале напади во Брисел за Велигден
Терористите планирале напади во Брисел за Велигден

Терористичките напади што завчера се случија на две локации во Брисел и во кои загинаа најмалку 31 лице, а 300 се повреднеи, требало да се случат во понеделник на 28 март на прв ден католички Велигден, објави фламанската телевизија ВТМ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, истражувачкиот новинар на ВТМ, Фарук Узѓунеш, открил дека терористите што го извршија грозоморниот чин во белгиската престолнина, морале порано да го остварат својот план поради апсењето на еден од нивните водачи Салах Абдеслам, кој беше уапсен во петокот во бриселската населба Форест.

– Прв ден Велигден е симболичен ден, христијански празник. Но, терористите морале да ги забрзаат своите планови поради апсењето на Салах Абдеслам, кој се надеваме дека сега во истрагата ќе открие повеќе детали, истакна новинарот Узѓунеш за ВТМ.

Дел од белгиските медиуми уште во саботата минатата недела, ден по апсењето на Абдеслам, пренесоа изјава на неговиот адвокат Свен Мари дека неговиот клиент „има злато вредни информации“ и дека „тој максимално соработува со истрагата“.

Овие информации се оденсуваа на делот за организаторањето на нападите во Париз лани во ноември, каде Салах Абдеслам директно учествуваше, но медиумите претпоставуваа дека тој ќе ја открие и целата терористичка мрежа, нивните ќелии и т.н. терористи-спијачи што се наоѓаат во Белгија.

Во овој поглед, се претпоставува дека кај браќата Калид и Ибрахим Ел Бакрауи, од кој едниот се разнесе со бомба на аеродромот „Завентем“, а другиот го стори истото на метро станицата Малбек, како и кај Наџим Лашмуи и уште двајца извршители на нападите што се уште се напознати за истрагата, се пројавил страв да не бдиат уапсени поради информации што на истрагата би и ги дал Абдеслам, па затоа предвреме ги извршиле нападите.

– Јас не сакам да завршам во затвор како Салах Абдеслам, гласи тестаментот на Ибрахим Ел Бакрауи, оставен на лап топ компјутер што безбедносните служби вчера го пронајдоа во бриселската населба Скарбек.

Покрај тестаментот на еден од бомбашите-самоубијци, во станот во Скарбек, што го користеле браќата Ел Бакрауи за подготовка на нападите, пронајдени се и 15 килограми експлозив, 150 литри ацетон за подготовка на т.н. домашен експлозив, како и шајки и шрафови, кои се додаваат на бомбите со цел да се предизвика поголем број жртви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.