„Мемоарите на една млечка“, нов роман на Блаже Миневски

Во рамки на јубилејната програма на „Матица македонска“ по повод 25-годишнината од основањето на оваа издавачка куќа, излезе од печат романот „Мемоарите на една млечка“ од истакнатиот македонски писател Блаже Миневски. Со ова возбудливо прозно остварување авторот ја продолжува својата прозна определба да пишува за круцијални теми со универзални пораки.

Во препораката на романот, Раде Силјан пишува дека  „приказната на „Мемоарите на една глуварка“ е сместена во еден неодреден простор на Балканот, заграден со стари манастири, напуштени села и гробишта, иако читателот веднаш може да ја препознае Македонија. Преку метафората за глуварката авторот го отсликува животот заробен во вителот на балканските историски ветришта, создадени од миграциите, уривањето на социјализмот и градењето на капитализамот, на несреќите што ги носат струењата што  подмолно и  хаотично ја менуваат реалноста со фикција, животот со илузија,  вистината со лага. Се разбира, бидејќи станува збор за мемоари на глуварка кои самата ги пишува и раскажува, нараторот не прави разлика меѓу судбината на луѓето и судбината на тревките, цвеќињата, инсектите, односно сè што ќе види летајќи во прегратката на својот љубовник, во прегратката на познатиот балкански ветар Стрмец. Станува збор за уште еден роман на Миневски, кој жестоко нè соочува и со нашата, македонска стварност на трагични недоразбирања кои ги создаваат ветриштата што како глуварка  не дуваат како сакаат и каде сакаат.“

maticaaaaaaa

Блаже Миневски е автор на богат прозен опус,а со голема афирмација се  стекна со романите „Нишан“ и „Свици“, кои од критиката беа високо вреднувани. Добитник е на бројни книжевни  награди, меѓу кои и на наградите „Рациново признание“,„Стале Попов“ и „Роман на годината“