сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Подгответе вкусни ќофтиња од леќа за време на постите

koftinja

Последни вести

Доколку се одлучивте да постите во пресрет на велигденските празници, ќофтињата од леќа се идеалното решение за оброк.

За подготовка на ќофтињата ви треба леќа, хељда, морков во ист сооднос, средината од 2-3 парчиња стар леб, праз/кромид/лук/магданос, како и зачини по желба.

Начин на подготовка:

Варете ја леќата половина час. Откако зрната леќа ќе бидат црвсто варени процедете. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.

Најчитани вести