Над 7 милиони денари за подобрување на патната инфраструктура во Гевгелија

За подобрување на патната инфраструктура во Гевгелија и неколку населени места, оштината од буџетот ќе издвои повеќе од седум милиони денари.

Веднаш по потпишувањето на договорот со најповолниот понудувач, фирмата „Жикол“ од Струмица, почнува и реализацијата на тендерот според кој ќе бидат изградени нови улици во урбаните блокови каде интензивно се гради, а ќе се реконструираат улиците „Индустриска“ и „Ѓоко Тутушев“, кои моментно се меѓу најоштетените во градот.

Нови улици и реконструкција на оштетените ќе има и во поголемите населени места во општина Гевгелија.

Од општината соопштија дека активностите се преземаат согласно Програмата за локални патишта и улици и Програмата за комунално уредување на Гевгелија во 2016 година.